Партнери



Поврзувања


Отворен ден на ФЕИТ

На 26 април, во периодот помеѓу 10 до 15 часот, Факултетот за Електротехника и Информациски технологии организира отворен ден за сите идни заинтересирани студенти.

Членовите на Студентскиот Парламент на ФЕИТ ќе Ве придружуваат во Вашата посета! Дојдете на ФЕИТ и дознајте зошто студирањето тука е вистинскиот пат кон Ваша подобра иднина!

Ве очекуваме!


Facebook настан



објавено на: 23.4.2014

ФЕИТ


Започнува Контакт!

СП ФЕИТ со задоволство објавува дека денес, со почеток во 11 часот, во конференциската сала на ФЕИТ свечено ќе биде отворен Саемот за вработување и пракса Контакт! По отворањето ќе се одржи форумска расправа помеѓу претставници на компании, професори и студенти на тема „Пресекот помеѓу стручните познавања на дипломецот и побарувачката на стопанството е празно множество“.

Контакт ќе се одржува во холот на ФЕИТ од 7-ми до 9-ти април. Целта на саемот е да воспостави директен контакт на студентите со компаниите и нивните претставници. Во текот на овие три дена некои од најголемите компании во Македонија ќе им бидат достапни на студентите во холот на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии. Во текот на овие три дена на саемот ќе научите како искористите стратегиски пристап кон планирањето на вашата кариера и барањето работа или пракса. Ќе имате прилика да го зголемите гледиштето за тоа кон што да се насочите во иднина и што Ве очекува на пазарот на трудот. Саемот е организиран од СП ФЕИТ и на него ќе можете да стапите во контакт со фирми кои делуваат во областите кои се изучуваат и негуваат на ФЕИТ, како и на останатите технички факултети.

Оставете го Вашето CV преку веб-формуларот на официјалната веб-страница и бидете дел од настанот! Кон успехот, активирај се!


Facebook настан


објавено на: 7.4.2014

СП ФЕИТ


Саем за вработување и пракса - Контакт

СП ФЕИТ Ве поканува да присуствувате на Контакт! Контакт е тридневен саем за вработување и пракса кој ќе се одржи во холот на ФЕИТ од 7-ми до 9ти април. Саемот е организиран од СП ФЕИТ и на него ќе можете да стапите во контакт со фирми кои делуваат во областите кои се изучуваат и негуваат на ФЕИТ, како и на останатите технички факултети.

Оставете го Вашето CV преку веб-формуларот на официјалната веб-страница и бидете дел од настанот! Кон успехот, активирај се!


објавено на: 17.3.2014

СП ФЕИТ


Финале на петтото издание на RoboMac 2014!

Заврши петтото издание на меѓународниот семинар за роботика, програмирање и вештачка интелигенција RoboMac 2014. На јубилејното петто издание, 100 студенти од техничките факултети низ Македонија и цела Европа се натпреваруваа во пет категории, работејќи на своите роботи во недела исполнета со работа, дружба и предизвици. И оваа година настанот привлече многу љубители на техниката и роботиката и покажа дека е главен промотор на роботиката кај пошироката јавност како единствен настан кој ја промовира истата во Македонија. И оваа година финалната вечер се одржа во Домот на АРМ, чија сала беше претесна за да ги собере сите оние кои дојдоа да ја проследат финалната вечер. Тимот на СП ФЕИТ кој работеше на организацијата на настанот заедно со тимовите на Студентскиот Огранок на IEEE Македонија и Локалниот Комитет на ЕЕСТЕК Скопје изразуваат благодарност до сите учесници на овогодинешниот настан и Ве очекуваат во уште поголем број и на наредното издание на РобоМак!

Погледнете ја репортажата на ФЕИТ за финалната вечер на RoboMac 2014 тука.


објавено на: 16.3.2014

СП ФЕИТ


ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ И ЗАПИШУВАЊЕ ЛЕТЕН СЕМЕСТАР
2013/2014 ГОДИНА

Заверката на зимскиот и запишувањето на летниот семестар во учебната 2013/2014 година ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 15:00 часот, во периодот од 30. I до 05. II 2014 година. За список на потребни документи, погледнете тука.


објавено на: 29.01.2014

СП ФЕИТ


СООПШТЕНИЕ

Пријавување испити од втор циклус на студии (нови студиски програми) за јануарска испитна сесија

Пријавувањето испити од втор циклус студии за студентите запишани на НОВИТЕ студиски програми (запишани од генерацијата 2013/2014) за јануарскaта испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, стриктно во периодот од 20.01 до 27.01.2014 год., следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5. За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават и уредно пополнети пријави до предметните наставници на самиот испит. Во пријавата задолжително се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма и серискиот број добиен од iKnow системот. По овој рок студентите може да пријават испит во Службата за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. за секоја задоцнета пријава најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

објавено на: 15.01.2014

ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА