estrogenolit
estrogenolit

БРУЦОШКА ЗАБАВА


Ниту една студентска година не може да започне без традиционалната Бруцошка забава на ФЕИТ.


Студентскиот Парламент на ФЕИТ, поддржан од деканатот на Факултетот, ја организира оваа забава со цел да им се посака топло добредојде на новите студенти запишани на нашиот факултет. Исто така, деканот на ФЕИТ, ги поздравува студентите и со кратко обраќање ги охрабрува за постигнување на успеси во понатамошното студирање.

Покрај од студенти од ФЕИТ, забавата е посетувана и од голем број на студенти од останатите факултети од Универзитетот "Св.Кирил и Методиј", што е одличен приказ дека на ФЕИТ успешно се организираат настани од различни карактери со голема посетеност.