АКТИВНОСТИ


Нашите активности траат преку целата година.

Дел од нив се:

  • Промоција за нови активни членови (Промоција која ја организираат дел од активните членови со цел подобро запознавање на новите студенти (бруцошите), како и на постарите студенти за работата на СПФЕИТ и како би можеле истите да се вклучат во неа со нивен допринос.)
  • Бруцошка забава (Голема забава организирана на нашиот факултет за меѓусебно запознавање и дружење на новите студенти и постарите од ФЕИТ.)
  • РобоМак (Учество и организација на семинарот и натпревар РобоМАК кој годинава ќе се одржи од 2ри до 9ти март, настан со традиција за кој со гордост можеме да кажеме дека е најголем настан од ваков карактер во Македонија и во регионот организиран од студенти. Целта на РобоМАК е популаризација на роботиката меѓу македонските и европските студенти и средношколци и да ги стимулира во нивно активно вклучување во создавање на високотехнолошки активности, слични на оние кои што се изработуваат во истражувачките ИТ- центри низ светот.)
  • Контакт (Саемот за вработување и пракса Контакт претставува одлична можност за студентите да најдат соодветна пракса и вработување во најетаблираните и најреномираните фирми во државата и пошироко. Саемот трае две недели и има официјален и неофицијален дел преку кои студентите ќе имаат можност не само да аплицираат за работа и пракса туку да се стекнат и со дополнителни вештини и знаења од предавањата, тренинзите кои ќе се одржат за време на саемот. Саемот се одржува во склоп на ФЕИТ)
  • СКЕЕОР (Учество и организација на Студентската Конференција за Енергетска Ефикасност и Одржлив Развој која ќе се одржи од 25 до 27 април 2014, во Скопје. Конференцијата е организирана под покровителство на Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје (ФЕИТ), во соработка со ИЕЕЕ – Македонска секција на ИЕЕЕ. На конференцијата може да учествуват сите студенти, додипломци и постдипломци, кои сакаат да изработат и достават труд на некоја од темите на фокус на конференцијата, претставници од академската средина кои се занимаваат со оваа проблематика и сите компании кои во текот на своето секојдневно работење имплементираат методи кои се поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој. )
  • Спорт (Организирање на сите спортски екипи(машки и женски) од нашиот факултет кои подоцна би се натпреварувале на национално и на интернационално ниво.)
  • Дежурства во СПФЕИТ Дежурање во просториите на СПФЕИТ во Барака 5, секој работен ден од 12:01-15:04. Период во кој секој студент кој има проблеми поврзани со факултетот или пак сака совет за одредена работа е добредојден да поразговара со некој од поактивните членови на СПФЕИТ.
  • Комуникација со ФЕИТ (Под комуникација со ФЕИТ се подразбира заедничко составување на распоредот за колоквиуми и испити со одговорниот асистент, редовно присуство на Научно Наставните Совети и Деканатски управи каде што е потребно да се застапува мислењето на студентите и да се бранат нивните права, редовни состаноци со Продеканите каде што се пренесуваат мислењата на студентите за случувањата на факултетот и што би можело да се промени.)
  • Македонски Студентски Игри (МСИ) (Собир на неколку универзитети од Македонија во Охрид при што се случуваат натпреварувања во спорт каде што и ние земаме учество. Наша задача е да ја организираме екипата која би тргнала од Скопје и би не претставувала на истите, со цел да постигнеме подобри резултати.)
  • Електријада (Најголем настан на Балканот каде што се собираат сите студенти од Електротехничките факултети на Балканот (Македонија, Србија, БиХ, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Полска...) на кој се натпреваруваат во неколку научни и спортски дисциплини. Ние ја организираме и ја водиме екипата која ќе не претставува таму и притоа бараме спонзорства и се грижиме за се околу нашите учесници на Електријадата.)
  • Ад Хок случувања (Сите оние случувања кои не можат да се предвидат и се решаваат за време преку целата година.)