estrogenolit
estrogenolit

ЧEСТО ПОСТАВУВАНИ ГЛУПАВИ ПРАШАЊА


Како да станам дел од СП ФЕИТ?

-Со самото тоа што си редовен студент на ФЕИТ си дел од СП ФЕИТ. На тебе останува дали би сакал да се активираш во активностите кои ги имаме преку целата година.


Каде можам да ве најдам?

-Просториите на СП ФЕИТ се наоѓаат во Барака 5 (ул. Септемвриска сесија 5) спроти зградата за А-тест на Машински факултет.


Кое е работното време на СП ФЕИТ?

-Работното време е секој работен ден во периодот од 12:01 до 15:04.


Доколку имам некој проблем, а не можам да дојдам лично да Ви го соопштам, на кој меил можам да Ве контактирам?

-Нашата електронска адреса е spfeit@feit.ukim.edu.mk


Сакам да бидам дел од спортските екипи на ФЕИТ, како да се пријавам?

-Пријавувањето може да го направите на електронската адреса на СП ФЕИТ и во пораката ќе наведете ваше име и презиме, број на индекс, насока, претходно искуство во спортот за кој се пријавувате и потоа ќе бидете контактирани од студентот кој е одговорен за тој спорт за времето на одржување на тренинзите.


Како да се логирам на www.e-kursevi.feit.ukim.edu.mk?

-Во полето корисничко име го внесувате вашиот број на индекс во форматот XXX/YYYY каде што XXX претставува бројот на индексот, а YYYY годината на запишување на студиите. Првичната лозинка ви е матичниот број.


Каде можам да подигнам уверение за положени испити, потврда за редовен студент итн?

-Тие документи можете да ги побарате од студентската служба на ФЕИТ која се наоѓа на трети кат на факултетот секој работен ден во периодот од 12:30 до 15.00 кога е работното време на службата. Задолжително носете си индекс.


Доколку немам потпис по одреден предмет колкава е казната која треба да ја платам?

-Казната за неисполнување на академските обврски изнесува 1000 денари (кои треба да ги уплатите на сметка на факултетот) и со тоа немате право да го/ги полагате предметот/ите за кои немате добиено потпис.


Сакам да променам изборен предмет кој веќе сум го запишал, што треба да направам?

-Потребно е да напишете молба до Продеканот за настава, која претходно треба да ја заверите во архива заедно со уплатена таксена марка и доколку истата ви се одобри ќе може да го промените предметот. Во молбата треба да ја наведете и причината поради која го менувате изборниот предмет.


Сакам да променам студиска програма, што треба да направам?

-Потребно е да ја прочитате последната одлука од ННС (Научно Наставен Совет) во која се наведени условите и начините како може да ја промените студиската програма и дали потоа ќе останете во државна (ако сте биле претходно во државна) или ќе се префлите во приватна квота.


Доколку сакам да ја променам паралелката во прва година, што е потребно да се направи?

-Потребно е да напишете молба до Продеканот за настава, која претходно треба да ја заверите во архива заедно со уплатена таксена марка и доколку истата ви се одобри ќе може да го промените предметот. Во молбата треба да ја наведете и причината поради која ја менувате паралелката.


Дали морам да одам на факултет редовно на часови?

-Тоа зависи од вас, меѓутоа доколку сакате да добиете потпис од асистентот и професорот ќе мора да ги завршите сите обврски кои се дадени од нив и исто така информирајте се дали редовноста на часови носи дополнителни бодови.


Ниту едно од погорните прашања не ми помогна со мојот проблем, што да правам?

-Обрати ни се на spfeit@feit.ukim.edu.mk и ние ќе се обидеме во најкус можен рок да одговориме на твоето прашање.