КОИ СМЕ НИЕ


Студентски Парламент на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии - Скопје (СПФЕИТ - Скопје) е здружение формирано со слободно здружување на студентите, независно од нивната национална, верска, полова припадност и заради остварување и вршење на активности со цел застапување на заеднички интереси пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Студентскиот интеруниверзитетски парламент и органите на Република Македонија, јавноста и јавното мислење.

Мисијата ни е подобар студентски стандард и почитување на нашите студентски права, а целта студентите да бидат обединети и заеднички да се изборат за правата кои им следуваат, притоа наоѓајќи заеднички јазик со професорите.

Покрај обезбедување на услови за подобра комуникација и студирање на факултетот, студентите како млади интелектуалци треба да се залагаат и за усовршување, како на своето образование, така и на образовниот процес. СПФЕИТ е посредник и поддржувач на ваквите идеи и е тука да обезбеди договор со факулетот, а ако е можно и поддршка. Крајната дестинација на сето ова е распространување на ниво на секој студент за да ги дознаеме идеите и барањата на кои треба да излеземе во пресрет. Она што сакаме факултетот да го понуди е поквалитетно образование придружено со уште поквалитетна практична настава, па со таа цел во претстојниот период ќе воспоставиме контакт и можен договор со фирмите во Р.Македонија кои нудат (или побаруваат) пракса за секој студент, согласно законот за високо образование.

Од самиот почеток, студентите кои имаат желба, со многу труд успеваат да се пробијат во водите на ФЕИТ. Она што ние сме, е отскочна даска за секој кој се труди, но и за надминување на периодот на прилагодување на новата средина.

Студенти сме, треба да си помагаме!