estrogenolit
estrogenolit

ШТО НУДИМЕ


Факултетот не го нуди целосното образование и искуство кое е денеска потребно на пазарот на трудот. Она што и ние, а и секоја друга студентска организација го овозможува е:

  • подобрување на "меките" вештини (Soft Skills) на секој студент,
  • подобрување на комуникацијата во 4 очи,
  • подобрување на презентационите вештини,
  • подобрување на вештините за лидерство,
  • организација на време,
  • учество на проекти кои носат доста искуство.

Разликата кај нас од останатите студентски организации е во тоа што ние сме директни претставници на студентите и нашиот удел во работата на факултетот е многу поголем и е од многу поголемо суштинско значење.

Комуникацијата со професори, професорки, декан, продекани ќе ви биде секојдневна и ќе можете многу работи да промените кои ќе бидат од големо значење и за вас и за сите ваши колеги и колешки. Контактите добиени од учество во нашата организација помагаат при понатамошното вработување.